После наглиот скок на цената, вредноста на биткоин уште пострмоглаво се намали отако милијардерот Илон Маск објави твит дека цените се превисоки. Сопственикот на компанијата Tesla и воедно најбогат човек на светот, Илон Маск во текот на викендот на Twitter објави дека цените на биткоинот „изгледаат високи“.

Претходно минатата недела вредноста на биткоин се зголеми за 20%, односно достигна повеќе од 58.000 долари. Најголемата криптовалута на светот во текот на месецот беше потпомогната од купувањето на дигитални пари од страна на компанијата Tesla Inc. и институционални инвеститори, кои тврдат дека биткоин е атрактивна алтернатива на златото и на доларот.

Само во текот на февруари биткоин поскапе за 60%, а дигиталниот токен во неделата достигна нов максимум на сите времиња и дојде на работ од 59.000 долари. Во светот владее мислење дека нестабилноста во текот на викендот е последица на поединци кои тргуваат со криптовалутата од дома, па можно е цените да паднале затоа што институционалните трговци одговориле на твитот на Маск.

Аналитичарите од JPMorgan Chase & Co., пак, предупредуваат на пад на ликвидноста на биткоин. Аналитичарот на Markets. Com, Нил Вилсон, наведува дека се подразбира дека новите инвеститори треба да бидат спремни на голема нестабилност и нагли пад на цената исто толку брзо како што се и зголеми.