Дали сте забележале како повеќето препарати за убавина и здравје се на основа на маслинки и маслиново масло?
Маслиновото масло е познато по своите својства за длабоко потхранување на кожата, незина регенерација и освежување. Тоа игра значајна улога при секојдневната исхрана како здрава алтернатива и прв избор при здрава исхрана.

Маслинките се моќен и вкусен плод кој може да му обезбеди на човековото тело одлични здравствени бенефиции вклучувајќи ја способноста за спречување на губиток на коскена срж, спречување на појава на различни видови на рак, воспалувања и артритис. Тие се познати по своите бенефиции кои ја подобруваат дигестијата, ги олеснуваат алергиските реакции, помагаат при подобрување на циркулацијата на крвта и помагаат при регулација на крвниот притисок.

Дали сте знаеле дека доколку имате низок крвен притисок само со 4 маслинки дневно во комбинација со чаша минерална вода можете да го покачите нискиот притисок?

Нашиот ГарденФлора Тим може да ве обезбеди со квалитетни садници Маслинки и да ве насочки како да ги одгледувате.

Во 100 грама зрели маслинки има околу 6,3 % јаглехидрати, 0,8 %белковини, и 10,7 % маснотии, затоа не е изненадувачки зошто лекарите често препорачуваат да се консумира една шака маслинки пред појадок, како превенција од различни болести.

Маслината или маслинка ( Olea europea) е мало дрво од фамилијата Маслинки (Oleaceae). Потекнува од источните делови на Средоземјето, како и од северен Иран (брегот на Касписко Море). Од нејзините плодови се прави маслиново масло.

Маслиновото масло пак добива големо внимание со неговата одлична функционалност при готвењето и како додаток при приготвувањето на свежи оброци и салати. Познати ни се различни видови нa маслинки, некои видови имаат повеќе или помалку важни компоненти кои придонесуваат кон одлично здравје но и кон обезбедување на значајни нутриенти во секојдневната исхрана.