Крешник Бектеши, министерот за економија, очекува во наредниот период да паде цената на пченицата и на соногледаот поради новата жетва, како и на цените на производите поврзани со овие култури.

Маслото за јадење во наредните денови би требало да почне со намалување на цената. Треба да поевтинат производите што зависат од суровини како што е пченицата и сончогледот, рече Бектеши во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој очекува маслото за јадење да поевтини за најмалку 20 отсто и најави дека доколку продолжи трендот на намалување на цените на суровините, а при тоа нема намалување на цените во преработката и трговијата, тогаш Владата ќе мора да интервенира. Тогаш ние согласно Законот за трговија ќе предложиме пред Владата одреднеи мерки како замзнување на цените или на маржите, се со цел да нема злоупотреби на грбот на потрошувачите. Компаниите ова го знаат затоа што ние на дневна основа ги следиме податоците, нагласи Бектеши.