Еден од лидерите на пазарот за финансиски услуги – американската Mastercard планира да го отвори својот систем за избрани криптовалути. Компанијата ќе им овозможи на сопствениците на картички да вршат плаќања со дигитални валути, пренесува Блумберг.

Компанијата посочува дека активно соработува со централните банки ширум светот, кои работат на воведување на нивната дигитална валута. Ова го изјави Мартикард во објава на својот блог.

„Компанијата ќе даде приоритет на заштитата на потрошувачите и придржување кон сопствените планови“, рече Рај Дамодаран, потпретседател на блокчејн производи и партнерства.

Mastercard веќе работи со некои од најголемите светски имиња во крипто-валути, како што се BitPay и Wirex. Меѓутоа, до сега, барањата на компанијата за потрошувачите беа да ги претворат крипто-валутите во пари пред да извршат плаќања.

„Нашата промена кон поддршка на дигиталните средства директно ќе им овозможи на многу трговци да прифаќаат плаќања во крипто-валути – нешто што во моментов е доста ограничено“, рече Дамодаран.

Неодамна, гигантот за управување со средства BlackRock, како и платежните компании Square и PayPal, исто така, дозволија трансакции со дигитални валути.