„MasterCard” го отвора својот прв Европски центар за компјутерска безбедност, соработувајќи со регулаторите и креаторите на политики, за подобрување на размената на разузнавачки информации и борбата против заканите за платниот екосистем во регионот.

Лоциран во Ватерло, Белгија, во седиштето на „MasterCard” во Европа, центарот е првиот од ваков вид изграден надвор од Северна Америка.

Овој инструмент ќе служи како единствен центар за компјутерска безбедност за регионот, во соработка со разни национални центри за сајбер разузнавање, индустриски групи, агенции за спроведување на законот и централните банки низ цела Европа, вклучувајќи ги ЕЦБ, ЕЦЦФИ, Европол, ФС-ИСАК, Интерпол, НББ и британскиот НЦА и НЦСЦ.

„Финансиските услуги секогаш ќе бидат на врвот на целниот список на напаѓачите, поради огромниот сет на скапи податоци за клиентите и ингеренциите кои се под наша одговорност“, вели Хавиер Перез, претседател на „Mastercard Europe”.

„Нашиот европски центар за компјутерска безбедност ја зајакнува соработката меѓу клучните организации, така што деловните луѓе и поединците ќе се чувствуваат побезбедно кога споделуваат информации преку Интернет“, додаде тој.

„Mastercard” ќе го стартува привремениот центар оваа пролет.