Економската криза, причина граѓаните потребите да ги покриваат и со кредити. Побарувачка бележи континуиран раст на годишно ниво. Само во јануари годинава вкупните кредити на домаќинствата пораснале за 7,4%-велат од Македонската банкарска асоцијација.

Економската криза, причина граѓаните потребите да ги покриваат и со кредити. Побарувачка бележи континуиран раст на годишно ниво. Само во јануари годинава вкупните кредити на домаќинствата пораснале за 7,4%-велат од Македонската банкарска асоцијација. Најголем дел од граѓаните се принудени на овој чекор.

Потрошувачките кредити заклучно со јануари 2023 година изнесуваат 111.918 милиони денари и во однос на декември 2022 година бележат на годишна основа раст од 6,5%. Станбените кредити изнесуваат 76.182 милиони денари и бележат раст на годишна основа од 12,6%, велат од Македонска банкарска асоцијација.

Според Народната банка во јануари годинава, просечната каматна стапка на вкупните кредити кај домаќинствата изнесува 5,34%. Одредени нагорни придвижувања беа забележани во текот на изминатата година.

Целокупната глобална централно банкарска заедница започна со затегнување на монетарната политика како одговор на инфлациските притисоци. Каматните стапки кај кредитите кои се со валутна клаузула или во девизни доминантно зависат од каматните стапки на европските пазари, кои секако се под влијание на монетарната политика на ЕЦБ, велат од НБРМ.

Од 598.632 домаќинства во земјава околу 560 илјади се кредитокорисници. 215.114 милиони денари изнесуваат вкупните кредити одобрени на секторот домаќинства само во јануари годинава согласно податоците на Народна банка.