Меѓународните банки во Велика Британија бараат специјална визна помош по „Brexit“, за да се зачува позицијата на Лондон како глобален финансиски центар, изјавија два извори за „Ројтерс“.

Финансискиот сектор сака нов систем, при кој странскиот персонал во Велика Британија, кој е испратен на работа таму за до 6 месеци, да може да влегува и излегува од земјата слободно без вработените да треба да аплицираат за виза пред патувањето, прецизираат изворите.

Предлогот е главна препорака во предлогот на „TheCityUK“ – организација која придонесува за развојот на британскиот финансиски сектор, и консултантската компанија „EY“, прецизираа изворите.

Извештајот ја потсетува владата дека финансискиот сектор треба да продолжи да ги привлекува најдобрите специјалисти во светот, бидејќи е најголемиот извор на приходи од корпоративните даноци во висина од 14 проценти од даночните приходи на Велика Британија.

Документот треба да се достави официјално за 10 дена.

Во моментов компаниите во Велика Британија може да вработат државјани на други земји од ЕУ без бирократијата, со која се соочува најмен вработен од земја надвор од блокот.

 

 

 

Извор : Денар.мк