Жетвата на пченицата почна но откупот ќе биде во застој додека не се најде соодветна цена.

Мелничарите откако видоа дек енама ништо од ветувањата за дополнителни два денари од државата за земјоделците за да се надополни разликата во цена денеска излегоа со став дека тие ќе вршат откуп по 8,5 до 10,5 денари во зависно од квалитетот на пчницата.

-Владата не ја донесе бараната мерка со што домашните мелничари се доведени во крајно неповолна положба. Без ветената помош од Владата, како и нелојалната конкуренција на несоодветно декларираното брашно од увоз, домашната мелничка индустрија смета дека лебното жито од жетвата 2021 ќе се откупува од 8,5 (сточна пченица) до 10,5 денари (маркантилна пченица), односно, по цени како и во опкружувањето.

Министерто за земјоделство ги отфрли барањата на мелничарите за дополна на разликатра од два денари и смета дека потегот на мелничарите со вакви ниски цени да почнат откуп е уцена

Земјоделците кој веќе почнаа со жетва се најдоа во небрано и сега бараат државата да ги заштити да дојдат барем до 12 денари за килограм пченица иако реално годинава според нив треба да биде 14 до 15 денари

Секое тактизирање со откупните цени и не решавањето на ова прашање навреме за земјоцелците само носи дополнителни загуби на ионака лошата година со ниски приноси и зголемени давачки.