Алекс Фергусон потекнува од Гован, индустриска зона во Глазгов со развиено бродоградилиште. Неговиот животен пат го однел во најразлични ситуации и предизвици, но неговите корени го направиле да биде истраен во своите чекори и да заборава на маките, фокусирајќи се на успесите. Мотото на кланот Фергусон е “Dulcius ex asperis”, односно “по маките е послатко”. За Фергусон сиромашното потекло никогаш не било пречка за успех, напротив скромните почетоци на кариерата може да бидат само дополнителна предност. Често Фергусон знаеше да изјави дека во времето кога беше тренер во Источен Стирлинг фудбалерите земаа плата од 6 фунти неделно, а стигна да го продаде Кристијано Роналдо за 80 милиони фунти. Во неговата биографија Фергусон пишува дека тоа што го знаел на залезот од својата кариера го научил на почетокот на кариерата.

Од друга страна, во своите методи на менаџирање голем акцент се ставаше и врз псисхологијата на поединецот. Менаџирањето е бескрајна низа предизвици, во кои многу битен елемент е проучувањето на кревкоска на лугето. Иако природата на сите е различна, Фергусон се навраќа на неговата избувливост како аспект преку кој го изградил својот карактер, а токму тој карактер и искреноста беа двигатели на неговото проучување на останатите околу него.

 

Целата оваа припрема за започнување на кариера во клуб како Манчестер Јунајтед немаше да биде успешна доколку Фергусон не успееше да изгради интерни вредности во самата организација. Цитат од неговата биографија вика: “Една работа остануваше иста и кога губевме и кога победувавме : теренот ни беше свето место”. Во секоја организација работата, концентрацијата и стандардите мора да останат исти и на ниво. Кога тогаш, упорноста мора да се покаже на дело. Во одредени моменти секој поединец може да ја загуби самодовербата и тоа да се одрази негативно врз корпорацијата. Затоа одржувањето на високо ниво на култура преку која секој поединец ќе знае дека може да се потпре на останатите е важен детаљ во управувачката структура. Од друга страна спортот е настан кој го следат голем број на луге и тие знаат кога се дава максимум за тимот. Затоа Фергусон секогаш беше искрен кон навивачите и не по секоја цена ги бранеше своите фудбалери. Истото важи и за секоја голема корпорација која излегува на берза: мора да се биде искрен со акционерите и да се признаат грешките во работењето. Во спротивно се нарушува хегемонијата и се појавуваат пукнатини во врските врз кои се изградила организацијата.

 

Извршниот менаџер како поединец во организацијата е одговорен за резултатите и својата позиција ја брани пред бордот на директори. Се додека има нивна поддршка функцијата не е загрозена. Но, во дадени моменти ќе има постојани обиди кога одредени поединци мислат дека се над позицијата што моментално ја имаат и тогаш менаџерот треба инстантно да направи крупни одлуки. Фергусон беше неприкосновен во своето менаџирање и неговата позиција навидум никогаш не беше загрозена. Но тоа тој го одржуваше преку тешки одлуки, кои можеби не секогаш била најдобри за тимот(од позиција на навивач), но се покажале како правилни за функционирањето на клубот. Секогаш кога играч на Манчестер Јунајтед мисли дека е поголем од менаџерот, време е да си оди! Во случајот на Фергусон, тој мораше да го продаде Дејвид Бекам во Реал Мадрид со цел да го задржи својот авторитет. Ова е применливо на секое ниво на менаџирање и доколку менаџерот не е подготвен да направи таков потег, тогаш тој не е правилниот човек за таа позиција.  Фокусот на авторитетот секогаш треба да биде канцеларијата на менаџерот.

 

Во неговата кариера Фергусон направи голем број на трансфери во кои секогаш ќе жали за продажбата на Јап Стам, а се гордее на купувањето на Кристијано Роналдо, Ерик Кантона, Питер Шмајхел, Рој Кин и др. Во сите тие трансакции и преговори главната улога не ја водел Фергусон, туку спортските директори во Манчестер Јунајтед, но една поента е клучна: лесно склучените трансфери никогаш не донеле успех. И во бизнисот е исто, секогаш кога ќе успеете да добиете нешто по многу ниска цена, голема е веројатноста да не сте ги знаеле сите предности и недостатоци. Правилната информираност бара повеќе време, средства и контакти, но на крај секогаш тоа е правилниот начин на инвестирање. Фергусон секогаш велеше: “сакам да се борам да добијам некој фудбалер, бидејќи ако се борам знам дека се борам за нешто што вреди. Лесните зделки се матна работа”.

 

На крај заклучокот на Фергусон е дека најважно е да те ценат на работа. Убаво е да те пофалат, да ти кажат колку се задоволни, но друго е да те плаќаат онолку колку што заслужуваш.

 

Извор: Пари.мк