Стопанска банка АД Битола преку Македонската берза информира дека Владимир Ефтимоски, претседател на Управниот одбор на банката се стекнал со 8.951 обични акции издадени од Стопанска банка а.д. Битола.

 

 

 

„По промените во сопственоста, вкупниот број на акции кои ги поседува во Стопанска банка а.д. Битола изнесува 19.486 акции.

Ненад Јосифовиќ, претседател на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, се стекна со 3.979 обични акции издадени од Стопанска банка а.д. Битола. По промените во сопственоста, вкупниот број на акции кои ги поседува во Стопанска банка а.д. Битола изнесува 16.656 акции“, соопшти банката.