(Време за читање 6 минути)

 

Во последната  објава, повеќе се фокусирав на децентрализираните менувачници.  Во оваа објава ќе се фокусирам на централизираните менувачници. Централизираните менувачници се попопуларни од  децентрализираните, бидејќи тие се полесни за користење.  Голем дел од инвеститорите концептот на централизирани менувачници, го сметаат како погрешен.  Бидејќи криптовалутите се етикетирани како децентрализирани. Но, за голем број на инвеститори централизираната крипто-менувачница претставува водечка сила за трансакција. Менувачниците претставуваат платформи (веб-страници) каде што можете да купите, продадете и разменувате криптовалути за други дигитални валути или обични валути како Долари  или Евра.

 

 

Идејата на централизираната менувачница е употребата на средниот човек или трето лице кое помага во спроведувањето на трансакцијата. Купувачите и продавачите му веруваат на средниот човек кој управува со нивните средства. Тоа значи дека се вклучени одредени надоместоци.  Ова е исто како и во банка, каде што клиентите и веруваат на банката за одржување на нивните пари. Клиентите се чувствуваат безбедно со централизираната менувачница,  дека трансакциите ќе бидат безбедно завршени за нив, а исто така ќе ја користат мрежата на корисници во менувачницата со цел да најдат трговски партнери. Бидејќи криптовалутите се чуваат во дигитални паричници,  лицето може да изгуби стотици долари едноставно со заборавање на клучот за паричникот. Со менувачницата ова не може никогаш да се случи, бидејќи таа ги чува безбедно клучевите од тој инвеститор.

 

 

Ајде да погледнеме кои се предностите што централизираните менувачници ги имаат:

 

  • Централизираните менувачници може да се користат за трансакции од обични во криптовалути и обратно.

 

Исто така може да се спроведуваат трансакции и помеѓу 2 различни криптовалути.

 

Најпопуларните карактеристики на централизираните менувачници е фактот што тие прифаќаат директни исплати за девизна валута, додека децентрализираните платформи прифаќаат само криптовалути. Централизираните менувачници прифаќаат банкарски трансфери, (Visa и Master) картички или дебитникартички. Ова им овозможува на корисниците брзо да ги конвертираат своите девизни валути во крипто-валути и обратно. Исто така може да извадат брза готовина.

 

 

  • Срединиотчовек е присутен во централизираната крипто-менувачница.

 

  • Некои централизирани менувачници нуда тфинансиски услуги како банкарство, дигитални паричници и крипто-дебитни картички.Ова е голема предност, бидејќи тие им овозможуваат на корисниците да трошат криптовалути од  нивните сметки, кај онлајн трговците кои ја прифаќаат таа валута.

 

  • Друга клучна точка во централизираните менувачници е нивната легалност и регулацијата. Повеќето од менувачниците се лиценцирани и регулирани од страна на владата. Тие треба да го следат законот и се сметаат за одговорни ако нешто тргне наопаку.

 

 

  • Повеќето од централизираните менувачници ја објавуваат сопственоста, нивните адреси и нивната локација. Ова им дава голема доверба на корисниците, бидејќи тие знаат со кого се занимаваат и каде да ги најдат.

 

  • Централизираната менувачница има тим на инженери, чија работа е да ја одржуваат платформата и да се справуваат со проблемите што ќе се појават. Ова води кон повисоко ниво на безбедност.

 

Ова се некои од предностите што ги имаат централизираните крипто-менувачници. Една од најголемите предности е тоа што можете да подигнете брза готовина. Тоа е најголемата предност што ги тера луѓето да тргуваат со централизираната менувачница.

 

Сега, ајде да погледнеме на некои од недостатоците што ги имаат централизираните менувачници, за кои секој инвеститор мора да биде свесен:

 

  • Централизираните менувачници се голема цел на хакери и малициозни софтвери.Сите сметки и парите во менувачнивцата, особено криптовалутите се мамка за крадците.

 

  • Надзорот и следењето на трансакциите е лесен, бидејќи тие одат преку централна куќа.Ова значи дека има помала приватност и поголема ранливост од страна на криминалците.

 

  • Може да биде потребно време за да се процесираат сметките и трансакциите. Многу централизирани менувачници функционираат за време на работните часови и ги обработуваат трансакциите во одредени денови.

 

  • Централизираните менувачници се предмет на регулирање, оданочување и други владини акции.Повеќето платформи мора да ги споделат информациите од корисниците со даночниците, а нивната сметка може да биде запленета и искористена за даночни цели.

 

Исто како во децентрализираните менувачници, така и во централизираните менувачници постојат некои добрии некои лоши страни.  Ако одлучите да тргувате со централизирана менувачница, важно е да ги земете во предвид следниве  5 клучни информации,  со цел да го намалите ризикот и да го зголемите враќањето на инвестицијата:

 

 

  • Репутација

 

Пред  да започнете да разменувате на било која страница, осигурајте се дека сте собрале доволно информации во врска со таа менувачница, како што се: коментари од професионални трговци и познати веб-страници. Уште една добра работа е да се приклучите на одредени форуми кои разговараат за криптовалутите како “BitcoinTalk” или “Reddit”.

 

 

  • Надоместоци

 

Речиси сите менувачници на нивните веб страници имаат информации за надоместоците. Исто така, бидете сигурни дека ги разбирате некои од жаргоните за размена, како: надоместоци за депозити, трансакции и повлекувања. Надоместоците обично се разликуваат во зависност од размената што ја избирате.

 

 

  • Начини за плаќање

 

Секогаш погледнете го методот на плаќање. Дали таа страница прифаќа кредитна и дебитна картичка? Дали поддржува банкарски трансфери? PayPall или Payza ? Доколку некоја менувачница има ограничен начин на плаќање, тогаш можеби оваа менувачница нема да ви биде погодна. Друга многу важна работа да се запаметие дека со купување на валути преку кредитна картичка секогаш ќе биде потребна лична идентификација. Во меѓувреме купувањето на криптовалути преку  банкарски трансфер е подолг, бидејќи на банките им е потребно време да го процесираат овој трансфер.

 

 

  • Барање за верификација

 

Многу од платформите за тргување на Биткоин во САД и во Велика Британија бараат форма за верификација на идентитетот, за да може да направите депозит или повлекување. Некои менувачници исто така ви овозможуваат да останете анонимни. Мора да имате на ум дека верификацијата може да потрае одредено време.Некои од нив неколку дена, а некои до неколку недели. Но, ова е многу важно за менувачницата да биде заштитена од било каков вид на перење пари.

 

 

  • Девизен курс

 

Различни менувачници обично нудат различни стапки. Затоа е многу важно да разгледате повеќе менувачници пред да се одлучите, која менувачница ќе ја користите. Ова може да направи голема разлика во вашата инвестиција, бидејќи криптовалутите се познати по тоа што доста флуктуираат во својата вредност се до 10%, па дури и повеќе.

 

 

Како криптовалутите добиваат се повеќе внимание низ светот, и многу нови криптовалути се појавуваат, постои и широк спектар на менувачници од кои можете да изберете. Но, не сите менувачници се еднакви. Секогаш направете истражување пред да се согласите за одредена менувачница. Не се  согласувајте веднаш  на одредена менувачница,  дури и ако некој близок ви кажал дека таа е добра.  Централизираните менувачници можат да бидат многу профитабилни, поради фактотшто можете да повлекувате брза готовина. Но, исто така, може да изгубите многу пари, ако изберете погрешна менувачница,  менувачница со највисоки надоместоци и најниски стапки. Во следната објава ќевикажам за некои од врвните централизирани менувачници каде може да започнете да купувате, продавате и да тргувате со криптовалутите.

 

 

До следната објава…..

 

Ви благодарам што читавте

 

Регистрирајте се на мојотблог :   http://darkoonlinetips.blogspot.com/

Следетеме на Фејсбук    https://darkokipariz.blogspot.com/