„Мерцедес“ е последната голема компанија која реши да ја напушти Русија.

Големиот производител на автомобили денеска објави дека ќе се повлече од рускиот пазар и ќе продаде акции од своите индустриски и финансиски подружници на локален инвеститор.

Тоа е трет голем производител на автомобили кој реши да ја напушти Русија откако таа земја влезе во војна со Украина. Пред „Мерцедес“ истото го направија и јапонскиот „Нисан“ и францускиот „Рено“.