„Мерк“ објави дека го продала својот удел во „Модерна“ во првата половина на четвртиот квартал.

Модерна достави барање до Сојузната управа за храна и лекови (ФДА) ден претходно да одобри итна употреба на својата вакцина против Ковид-19.

Мерк инвестираше 50 милиони долари во Модерна во 2015 и 2018 година.

Вредноста на акциите на Модерна во текот на 2020 година се зголемиja за 620%. Таа акција вредеше 19,23 долари на 2 јануари 2020 година, додека сегашната вредност е 149,34 УСД.

Откако Мерк објави продажба на својот удел, вредноста на акцијата на Модерна падна, за вчера да закрепне.

Мерк најави дека ќе учествува во компанијата Модерна преку други инвестиции.