• Ценовен шок за сите кои се возат на компресиран метан – енергенсот од денес им нова цена, 120% поголема од претходната, и изнесува 110 мкд кг/цнг.
  • Ако се земе предвид просечната цена на ЦНГ Метан од претходниот месец која изнесуваше 46.83 мкд кг/цнг, тогаш растот на цената (денешната во однос на просечната цена од претходниот месец) изнесува дури 135%.
  • Единствена компанија која го снабдува македонскиот пазар со овој енергенс/погонско гориво и која што го нуди на своите бензински пумпи е Макпетрол АД Скопје. Со други зборови, монопол.
  • Зошто не се регулира цената на ова погонско гориво и се дозволува слободно пазарно формирање на цена на одреден енергенс во услови кога една компанија може преку ноќ да направи драстична ценовна промена или со други зборови да прави што сака со цената на овој енергенс?