Приклучете ни се во имерсивното предавање за потеклото, придобивките и предизвиците на новата парадигма на живеење наречена Метаверзум. Од визијата на Кругер, преку архитектурата и типологијата на виртуелната реалност, до најновите технологии и платформи за целосно потопување на човекот во новиот хибриден свет -проф. д-р Анис Сефиданис

Од име на Касарна Хаб, би сакале да ве поканиме на нашиот следен настан кој ќе се одржи на 09 септември (петок) со почеток во 18 часот во просториите на Касарна Хаб – поранешната Касарна улица „Радојца Новичиќ“ бб.  Станува збор за презентација на тема “Метаверзум – судир на реалности и раѓање на нов свет“ со проф. д-р Анис Сефиданис.

Касарна хаб е стартап центар, како дел од проектот OHRID GO, чии спроведувачи се Општина Охрид и Стелар Солушнс. Во следните две години во Касарна Хаб планирани се низа настани, едукации, менторства и вмрежување на лица кои имаат идеи за иновативни бизниси со потенцијални инвеститори.