„По основ на доспеани хартии од вредност Министерството за финансии утре и на 8-ми март ќе врати 8,1 милијарда денари или 131,7 милиони евра во стопанството, по основ досепани издадени хартии од вредност“, соопшти денеска Министерството за финансии.

„Утре ќе бидат вратени 7 милијарди денари, додека на 8 ми, за кога нема предвидено аукција, ќе се вратат 1,1 милијарда денари.

На денес закажаната аукција на државни хартии од вредност, понудени се хартии од вредност во износ од 8,1 милијарда денари, односно нето задолжувањето со оваа аукција е нула“, соопшти Министерството за финасии.