Со години бевме загрижени дали технологијата ќе ги преземе нашите работни места, а сега епидемијата на ковид-19 го трансформира начинот на работа и предизвикува глобална рецесија.

Затоа, според веб-страницата на Светскиот економски форум, вистинско време е да се соберат експерти со цел да се дојде до заклучок како да се „ресетира“ светот на работата во согласност со новите предизвици што го снајдоа.

Според проценките на оваа организација, за пет години, машините ќе работат во иста мера како и луѓето. Тоа доведува во ризик милиони работни места. Ова ќе биде главната тема на самитот на Светскиот економски форум што ќе се одржи овој месец.

Сепак, добрата вест е дека бројот на работни места што се очекува да се создадат преку интеграција на технологијата ќе остане поголем од бројот на оние работни места што ќе исчезнат, рече генералниот директор на Светскиот економски форум, Сади Захиди.

Милиони луѓе ќе мора да ја променат работата што ја работат во моментов, па дури и оние кои нема да бидат принудени да преземат такви радикални мерки ќе мора да ги подобрат своите постоечки или да усвојат нови вештини, објави Б92.

Без разлика дали ви треба преквалификација / усовршување или не, се очекува да се променат најмалку 40 проценти од основните вештини на која било работа. Тоа е огромна бројка што повеќето од нас треба да ја прифатат, се наведува во текстот.

Заклучокот е, според тоа, дека во однос на задачите што ги извршуваме, скоро половина од она што го правиме ќе изгледа различно за пет години.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк