10-dollarМинатата недела доларот на светските пазари нагло се зголеми во однос на еврото за 3 проценти, поради очекувањата од САД за зголемување на каматните стапки, додека каматните стапки во еврозоната најверојатно уште долго време ќе се движат на ниско ниво.

Девизниот курс на еврото минатата недела во однос на американската валута падна за 3 проценти, на 1,0830 $, што е најниско ниво од крајот на мај.

Вредноста на доларот се зголеми и во однос на јапонската валута, за 1,1 проценти на 124,05 ¥.

Еврото во однос на јенот се намали за 1,9 проценти на 134,35 ¥.

Долар индексот, што ја покажува вредноста на САД во однос на шестте големи светски валути, минатата недела се зголеми за 2 проценти, со што го забележа својот најголем неделен скок од средината на мај.

Подемот на доларот е благодарение на изјавата на претседателката на ФЕД дека американската економија постојано се опоравува и ФЕД до крајот на годината може да ги зголеми клучните каматни стапки.

Основната каматна стапка на ФЕД веќе шест години се движи на рекордно ниско ниво од околу нула проценти.

Затоа, сега на пазарот веќе не е прашање на тоа дали зголемувањето на каматните стапки ќе биде оваа година или на почетокот на наредната.

Многу трговци и валутни аналитичари поради различните монетарни политики спроведени во САД и еврозоната очекуваат еврото да продолжи да ослабнува.