Месечната минимална плата во земјите на ЕУ се движи од 332 евра во Бугарија до 2.202 евра во Луксембург, покажуваат најновите податоци на Евростат за јануари 2021 година.

Во јануари годинава, минималната плата во десет земји-членки на ЕУ беше под 700 евра, сите во земјите од Централна и Источна Европа.

По Бугарија (332 евра), најниски минимали се забележани од Унгарија (442), Романија (458), Летонија (500), Хрватска (563), Чешка (579), Естонија (584), Полска (614), Словачка (623) и Литванија (642).

Во петте земји, кои се претежно на југот на ЕУ, минималните плати се движеа од 700 до 1.100 евра, почнувајќи од Грција (758), Португалија (776), Малта (785), Словенија (1.024) и Шпанија (1.108) .

Највисок минимум во ЕУ добиваат граѓаните на земјите од запад и север во Унијата: Франција (1.555 евра), Германија (1.614), Белгија (1.626), Холандија (1.685), Ирска (1.724) и Луксембург (2.202).