Традиционалната македонска покорност и инертност мораше да попушти пред налетот на инфлацијата, која увозна но и домашна, како пролетен мраз кој пука под налетите на сонцето, така и македонските домашни буџети почнаа да попуштаат под ценовните бранови. Тука нема чаре, сиромаштија се чувствува на секој чекор и нешто требаше да се направи. Но што се направи?

Целово лудило започна од немај-каде… Мора да се бара чаре… Најповикан – капиталецон што е воџа на ССМ ( Сојуз на Синдикати на Македонија ). Да се разбереме, ниту ја има овој морж железната волја на Џими Хофа, ниту челичната мудрост и обединителна црта на Лех Валенса – Мудриот, туку овој нашиов, повторно од немај-каде, тука е – лапаат чланарини од работниците па мораше нешто да се изманеврира. Се дрмнаа две-три ракии, се фрлија два-три револуционерни слогани, и во борба! Се отиде кај нашава безгаштена Влада и се побара раст на минималната плата. Нема ни математика, ни анализа – едноставно – треба нам више новац, чао… Инаку, ако не донесете урамниловка со административен декрет како во сталинистичкото време, ќе излеземе на штрајкови. Додуша ќе излезат овие робовиве што плаќаат чланарина, пошо воџава – капиталецов имат ждригојна од товење, ама во секој случај „ биче белаја“…

Нашава безгаштена Влада, за „мир у кучи“ и недостаток на гашти, без многу мислење прифаќа. И тие ни математика, ни анализа, прифаќаат се што ќе им се понуди за потпишување, само рајата да е мирна. Што ќе биде ќе видеме.

До овде, заедно со традиционалната македонска неписменост, но поради неиздржливата сиромаштија, донекаде и можам да ја „сварам“ приказнава.

Но што се случува потоа?

Први излегоа бројлериве-товеници, најголемиве паразити на општествово – Јавниот Сектор. Ретардиранава каста – се чувствувала навредена дека со урамниловкава – робовиве ќе им се доближат со примањава, па нивниов „увиџајен општествен статус“ тоа не го дозволува, па бараат индексација на нивните плати. Кај ништо не работат, цела корона пандемија ја поминаа на боледување, кај се над 200.000 – без срам и перде – Паразитите ќе прават штрајкови ако не им се индексирала платата. Да не е трагично ќе е смешно.

Потоа се јави онај реликтон од Сојузот на образование. Добро натовен и избричен, со шија која не е од туршија, туку од аздис и неработа, фрла некој математики дека наставник сега требало да зема 40.000 денари плата. Не го занима него што пола се на боледување, никој не исполнува часовен фонд, дека ги обучуваат и доквалификуваат ко говеда преку Еразмус и останати странски програми, и него го занима дека јакиот македонски професор, нема платежно да биде потстигнат од на пример хигиеничарките. Не смее тоа да биде.. Хигиеничарките јадат, пијат и трошат 5 пати помалку од неговото неписмено божество – Македонскиот професор, кој мора да биде неколкупати повеќе платен од чистачката… Ова анахрон социјалистички титуларски куп со говна – кој се уште ботее во главите на нашава просвета.

Да не бидат покусо – одма се јавија најголемиве лудаци… Излезе еден вол со телешки поглед кој е некој координатор во ВеМеРо… Штом ја видам онаа карикатура, одма знам дека од Белиот дворец стига голема мисла. Координаторов, со тело министерско и гла водејнчарска, исто така без математика или анализа – дава предлог пензиите да пораснат за 20%… Лелеј викам… Ам ако вака си лицитираме со цифриве, дајте да ја зголемиме за 100% пензијата… Море како 100 , за 299% да ја крениме… Да се знае кога „прогресивното“ и „мудро“ вемеро предлага саглам мерка за своите гласачи. Море и по грам бело за секој пензионер!!! Енергично да оди на гласање на изборите, предвремени, кои никако да дојдат, а па овие од вемеро никако да ги доплакаат и домолат…
Овој свезнаен експерт е челична тупаница на лудата глутница предводена од лудиот професор Трајко Славески – кој за да ја саботира меркава, државава, владава и поради македонскиот инает, „пресмета дека наставник треба да зема 44.000 денари“… Така од око и по индексациине од социјализмот по „сложеноста на работните места и задачи“ … ахахах

Значи, опозцијава која треба да е коректив, е полуда од сите играчи заедно на сцената.

Не можам да ги елаборирам сите лудаци кои даваат мислења и совети на сценава, не знам кој од кој е полуд, но ситуацијата е следна и е сериозна: Со оваа мерка, која како мерка ја поздравувам и мора тука да заврши без никакви натамошни индексации, особено не за јавен сектор и образование, ќе отвори една спирала на зголемување на цени и плати која ќе го има следниот ефект: За многу брзо нашето задолжување од над 60% во однос на БДП ќе се зголеми на над 100% , поради неминовниот факт дека за новите плати, ќе мора да се продолжи со надворешни задолжувања. Ако печатиме пари внатрешно ќе направиме инфлација како во деведесеттите, па не ќе можеме крај да фатиме. Со ова „јадење и серење“ политика – да ја објаснам оваа политика: ( Политика каде скоро секој член на општеството е тотално непродуктивен и работи во јавен сектор, каде вработен преку партиското биро – ништо не прави – туку само пишува некои листови и бара жртва за корупција – поради ниската плата ) , нашите задолжувања ќе одат само за плати за трутовите и за зголемување на плати за нафтасување на инфлацијата.

Со еден збор – гладот ќе го изеде растот. Нема да мрднеме никаде. Ќе банкротираме како Грција пред една деценија, па меѓународниот кредитен фактор ќе не исцеди до последен цент. На пример, на станот во кој ќе живееш ќе треба да плаќаш годишен данок од 5000 евра??!??!?!? Поради ова становите во Солун беа по 10.000 евра пред една деценија…. Едноставно не можеа да плаќаат даноци Грците, па мораа да ги продаваат.. Уште глава немаат кренато од нивната аздисаност и слична на оваа разузданост.

Поради овие убавини во антикава, предлагам до Владава две потенцијални решенија:

  1. За да се смират сите мајмуни кои планираат да штрајкуваат поради тоа што на робовите им е зголемена платата за 2.500 денари, предлагам да се зголеми за апсолутен износ од 2,500 денари платата на сите во земјава, од наставници, од администрација од сето непродуктивно трутско благородништво на државна цицка. Затнете им ја ненаситната и безмилостна уста на кучките со ист пораст како и кај робовите.
  2. Да се напушти сељачкиот, анахрон концепт на минимална плата. Да се воведе концеп на минимална саатница, како во цел напреден свет ( ова мерка може да се направи во подолг временски период ) , па да видам овие од СОНК кога ќе се платени по остварено какви 44.000 денари бараат, а со оваа мерка ќе се направи трудов еквилибриум на пазарот и ќе фатиме чекор со светскиот и правичниот тренд.

 

Наум Димитровски