Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во март, изнесувале 33.772 денари. Од нив, речиси 42 насто, биле за храна и пијалаци, 32 насто за за режиските трошоци…

За 122 денари се зголемиле основните трошоци на едно четиричлено семејство во март, во однос на јануари, а за 70 денари за разлика од февруари, покажуваат податоците на синдикалната кошничка што ја изработува Сојузот на синдикати.

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во март, изнесувале 33.772 денари. Од нив, речиси 42 насто, биле за храна и пијалаци, 32 насто за за режиските трошоци, 7,4 насто за превоз, 7,2 за хигиена и 6,2 насто за облека и обувки. Преостанатото е за здравствени услуги и за културни активности.

Според пресметките на ССМ, минималните трошоци на едно четиричлено семејство, не можат да се покријат со просечно исплатената плата, а според објавените податоци на државната статистика, во јануари просечната плата била 28.272 денари, додека синдикалната кошничка за истиот месец била 33.650 денари. Минималните трошоци биле повисоки за 5.378 денари.