Министерот за финансии ги повлекол решенијата за зголемување на платите во Министерството за финансии по што група незадоволни вработени во Министерството излегле на протест, соопштија од Синдикатот на УПОЗ на нивната Фејсбук страница.

Од Министерството за финансии не потврдуваат дека имало протест, но во соопштение до медиумите се посочува дека прашањето на платите сепак ќе треба да се реши системски, како и дека „поради неможноста на утврдување на специфичноста на работните задачи и посебната одговорност која произлегува од работната позиција, примената ќе ја регулираме со  допрецизирање на одредбата од Законот за Буџети или со самиот Закон за систем на плати во јавниот сектор“.

Дел од медиумите објавија и фотографии на кои се гледаат околу 60-70 лица кои стојат пред зградата на Министерството.

Од Синдикатот на УПОЗ велат дека Министерот за финансии го прекршил законот кој го бранел пред само неколку дена.