Иако Меѓународниот монетар фонд и годинава повторно и препорачана на Македонија да ја зголеми возраста за одење во пензија, министерот за финансии смета дека не треба да се направи таков чекор се додека не се исцрпат сите други решенија кои можат да го спасат државниот пензиски фонд. Тевдовски вели дека состојбата во ПИОМ се влошила од 2008 година, а зависноста од централниот буџет станувала се поголема и сега се потребни 500 милиони евра за редовна исплата на пензиите.

„Сметам дека мора да се почитува има голем број на луѓе кои работата тешки работни задачи и дека за наоѓањев на решение не би требало да посегнуваме по згоолемување на на овој праг досека не ги искористиме другите можности.“ – изјави Тевдовски.

Реформите во пензискиот систем нема да почнат пред јуни. Анализата за стабилизација на Фондот што ја изготвуваат експерти на Светска Банка ќе биде готова следниот месец, но потоа Владата ќе треба да избере на кој начин ќе го спасува ПИОМ.

Од Владата најавија дека странските инвеститори кои допрва ќе потпишат договор за државна помош нема повеќе да бидат ослободени од плаќање на придонесите за работниците, како до сега. Од Агенцијата за вработување велат дека оперативниот план за вработување, заедно со поволностите и трошоците , наскоро ќе биде објавен

„Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување содржи поволности за работодавачите при вработување на невработени лица, но подетално ќе Ве информираме по неговото конечно усвојување.“ – велат од Агенцијата за вработување.

Токму досегшниот концепт со кој работодавачите беа ослободени од плаќање на придонеси се сметаше за една од причините за растечката финасиска дупка во државниот фонд.