Министерството за финансии го зголеми долгот во државни хартии за 60 дена. Според податоците на Министерството за финансии покажуваат дека од крај на ноември лани до крај на јануари годинава државниот долг во записи и обврзници кумулативно е поголем за 319,75 милиони денари односно 5 милиони евра. Министерството позајмило и го зголемило долгот кај 4 хартии од вредност и тоа за 4,153 милијарди денари, а го намалило долгот кај 2 хартии од вредност за 3,835 милијарди денари.

Вкупниот долг на државата изразен во државни хартии од вредност (записи и обврзници) на 29 јануари годинава изнесува 92,58 милијарди денари, објави Министерството за финансии. Во споредба со последните јавно достапни податоци кои исто така ги објави министерството долгот изразен во државни хартии од вредност на крајот на ноември лани изнесувал 92,26 милијарди денари. Реално државниот долг во хартии во вредност е зголемен за повеќе од 5 милиони евра за 60 дена.

Министерството за финансии според  официјалните податоци се гледа  дека го зголемува задолжувањето на државните обврзници со рок на отплата на 15 години, на 10 години и на 3 години и кај државните записи со рок на отплата од 6 месеци. Вкупно кај четирите типа обврзници и записи за 60 дена долгот е зголемен за 4,153 милијарди денари односно 63,7 милиони евра.

Министерството за финансии новото задолжување го искористило за враќање на  2,71 милијарда денари односно 43,9 милиони евра за годишната обврзница со рок на отплата од пет години. Уште 1,125 милијарди денари односно 18,23 милиони евра се вратени кај државните записи со рок на враќање од 12 месеци.