Во свет каде што секој ден броиме како да заштедиме и како подобро да ги користиме нашите финансии, програмите за лојалност стануваат сè поважни кога носиме одлуки во чии услуги да инвестираме.
Токму затоа е креирана Mint Bonus, програма за лојалност која што ја наградува Вашата доверба и лојалност кон финансиските услуги од Mint Fintech и нашите партнери. Со Mint Bonus се стремиме да Ви покажеме колку ја вреднуваме Вашата доверба во нашите услуги.
Програма за лојалност – Што е Mint Bonus?
„Лојалноста не се заслужува за еден ден. Таа се заслужува ден по ден.“
Оваа мисла од Џефри Гитомер (автор на “The Little Red Book of Selling”) совршено го отсликува духот на Mint Bonus – програма за лојалност што го вреднува секој Ваш чекор и секој израз на доверба континуирано.
Mint Bonus програмата е дизајнирана да Ви овозможи да заработувате поени “Mint Coins” секогаш кога сте активни на платформата или ги користите финтек услугите на Mint Fintech групацијата и нашите партнери.
Без разлика дали се работи за користење на SN Visa картичка, аплицирање за кредит или редовна уплата, секој чекор ви носи поени.
Овие поени потоа можете да ги искористите за купување производи, ваучери или други награди преку Mint Store. Но, пред да почнете да собирате и трошите поени, потребно е само едно – да се регистрирате.
Зошто да се регистрате на Mint Bonus?
Програмата е бесплатна и е достапна преку веб-страницата mintbonus.mk или преку преземање на мобилната апликација Mint App. Со регистрација на Mint Bonus, Вие добивате:
- 50 Mint Coinsна подарок веднаш по креирањето на Вашиот профил.
- Доколку веќе имате креирарно профил на веб сајтот и ја превземете Mint Appапликацијата добивате дополнителни 50 поени, што значи дека вашите вкупни Mint Coins ќе бидат 100.
- Брз и лесен пристап до информации за сите Ваши активности.
- Пристап до ексклузивни наградни, понуди и промоции (Mint Store).
Како да се регистрате за Mint Bonus?
Регистрацијата во нашата Mint Bonus програма за лојалност на клиентите е едноставна и брза:
- Превземете ја Mint Appили посете ја веб страницата mk.
- Пополнете ги Вашите информации.
- Кликнете на копчето „Регистрирај се“
- Веднаш добивате 50 Mint Coins како бонус, или 100 доколку веќе имате креирано профил на веб сајтот и сега ја превземате апликацијата.
- За секоја активност добивате дополнителни поени.
- Поените можете да ги користите за попусти или подароци.
Колку вредат Вашите активности како дел од нашата програма за лојалност?
Mint Bonus како програма за лојалност им нуди на своите клиенти вистинска вредност за нивните активности. Ова значи дека како корисник регистриран на Mint Bonus Вие можете да бидете наградени за секоја Ваш активност во рамките на Mint и нашите партнери.
Еве само неколку примери:
- Нов кредит – 100 MintCoins
- Нов кредит преку SN Visa – 200 MintCoins
- Навремена уплата на рата – 20 MintCoins
- Секоја трансакција со SN Visa – 10 MintCoins
- Уплата на заостаната рата – 10 MintCoins
Со други зборови, Вашите секојдневни активности на Mint платформата или со нашите партнери добиваат вредност.
Регистрирајте се и добијте поени веднаш!
Во свет каде што секој клик може да Ви донесе вредност, Mint Bonus Ви нуди шанса да добивате вредност за Вашето внимание и учество. Mint Bonus е програма за лојалност што Ве наградува за тоа што веќе го правите.
Колку повеќе ја користите, толку повеќе добивате. Не ја пропуштајте шансата да бидете дел од најиновативната програма за лојалност на клиентите на македонскиот финтек пазар.
За повеќе информации контактирајте не на е-маил: [email protected], или на телефон: 15 107, нашиот тим е секогаш тука за вас.