На второ читање е предлог-законот со кој се воведува скрининг-механизам за странските инвестиции. Покрај економските ефекти, ќе се оценува и дали одредена инвестиција претставува ризик за националната безбедност, јавниот ред или критичната инфраструктура.

Второто читање го поминува предлог-законот со кој во земјава од систем во кој странската инвестиција главно се регистрира и следи како економска трансакција се оди кон систем во кој одредени странски инвестиции ќе се третираат и како потенцијално безбедносно прашање.

Тоа ќе значи не само колку пари вложува странскиот инвеститор и каде, туку дали со таа инвестиција може да се создаде ризик за националната безбедност, јавниот ред или критичната инфраструктура предлагачот не ги прифати повеќето амандмани од законодавно правната комисија. Опозицијата побара скрининг механизмот да не значи секогаш ризик покриен со 50.000 евра како финансиски праг.

Меѓу прифатените амандмани е оној за точно определување на вкупните рокови за скрининг од 60-90 дена. Со овој закон се предвидува постапката да почне со планот за инвестирање од странски инвеститор. После што се утврдува е дали инвестицијата спаѓа во опфатот на screening-механизмот. Следува поднесување пријава, по што надлежниот орган врши прелиминарна проверка доколку нема ризик, инвестицијата продолжува. Но, во обратен случај ако има, ќе следува детална проверка. Мислење дава надлежниот орган и конечно се носи одлука.