МЗШВ да седне со откупувачите и да најде решение, бара Трипуновски

Иако на почетокот откупот на зелката стартуваше со 30 денари за килограм, денеска откупната цена се движи околу 15 денари, што е далеку под производната цена, објави замнеик министерот за земјоделие Цветан Трипуновски.

Барем во овие последни денови Министерот Николовски и Владата во заминување не треба да ги остават македонските земјоделци, да најдат начин, да седнат со откупувачите, да договорат цена којашто е прифатлива за земјоделците. Тоа земјоделците го заслужуваат.

Апелирам уште веднаш во текот на утрешниот ден МЗШВ и откупувачите да седнат и да направат стратегија како понатаму ќе се движи откупот на зелка.