За ова мое писание ме испровоцира еден натпис кој утрово го видов, од синоќешната дебата на МТВ1 на некои од нашите економисти меѓу кои премиерот Заев и професорот Славески. Имено насловот на натписот беше: „ Ако ја терате легализацијата на марихуаната ќе се соочите со жесток одговор на јавноста“ и понатаму во веста се вели : „Доколку го терате проектот за легализација на марихуана за рекреативни цели вие ќе се соочите со жесток одговор на македонската јавност му порача професорот Трајко Славески на премиерот Зоран Заев. Не би полагал никаква надеж за некои дополнителни приходи и поддршка на некои дејности како што се угостителство, туризам и така натаму затоа што штетата што ќе биде направена во македонското општество од таквиот либерален пристап за кои некои други земји се посредени, повоздржани ќе биде голема, додаде Славески.“

Почитуван професор Славески, јас како Ваш студент, имам на Ви порачам неколку работи кои како мои размислувања сметам дека е вредно да ги споделам, а исто така, сум сигурен дека голем дел од јавноста се сложува со мене. Да одиме дел по дел:

1.Зошто марихуаната треба да биде легализирана во Македонија?

Прво и основно, таа е легализирана или декриминализирана во најголем дел од Западна Европа, скоро сите држави во САД, Канада, Мексико, Јужна Америка, Австралија и т.н. Дали сите овие земји се во грешка што ја декриминализирале употребата на марихуаната? Не би рекол…

Второ, сите студии покажуваат дека употребата се намалува таму каде што луѓето ја добиваат слободно т.е. не постои страв од законот, па и нејзината конзумација не преставува предизвик. Штом е достапно, помалку се користи. Има една поговорка која вели : Punishment feeds the crime.

Трето, сосема е исправна тезата и исказот на мојот сонародник и борец за овие права, адвокатот Јанаки од Билка, значи не е логично некој да е бизнисмен со хектари од ова растение, а некој да е криминалец што ужива во грам – два од истото. Ова е историска неправда и мора да биде исправена.

Четврто, во САД особено во Колорадо, во Канада, но и на други места веќе постојат корпорации за производство на марихуана и производство на нејзини производи. Повторувам, корпорации! Истите котираат на берзи, прават свои ИПО, вработуваат илјадници луѓе и што е најважно го полнат државниот буџет со милијарди долари. Во Колорадо и Калифорнија, после легализацијата, една од најважните ставки на полнење на буџетот е токму данокот на ова растение. За нас ова растение има повеќе потенцијал од чушките и френките што ги садиме – комбинирано.

Петто, во непосредна близина на нас, каков препород доживеа Албанија со преќутната легализација на ова растение, кои исклучиво за извоз го почнаа во реонот на Лазарат? Сега се сади низ целата територија и од извозот на истото во Албанија годишно се слеваат од 5-8 милијарди долари. Оваа цифра е повеќе од регуларниот БДП на Албанија годишно. Мене овој факт ми е доволен, а не некакво професорско мудрување и етичко мантрање.

2. Зошто марихуаната ќе биде легализирана во Македонија?

Прво, порано или подоцна ќе мора да се легализира. Зошто? Затоа што едноставно бројот на корисници ќе го надмине бројот на некорисници. Едноставно е, не? Ќе ве надгласаме.

Второ, во моментов има од 150,000 – 200,000 корисници на марихуана во земјава по слободни проценки. Ова е одлична база за гласови и Заев знае дека ќе ја активира кога најмногу ќе му „вжежи“ а тоа ќе биде најверојатно на следните избори.

Трето, веќе еден куп јавни личности, интелектуалци и обучни „дувачи“ бараат јавно ова да се спроведе. Голема е оваа група за да се игнорира нивното барање.

 

И за крај, но не помалку важно, а што Вие професоре и Вашата идеолошка секта со целиот тоталитаризам кој го практикувате ќе направите во врска со тоа? Каков е тој жесток одговор? Можам да замислам… По наредба на рајхфирерот од бункерот во Будимпешта. филдмаршалот Мајонез ќе издаде наредба за берење во центрите за индоктринација ( партиски штабови ) каде елитните СС војници, прво ќе ги напиете добро ракија и ќе ги пуштите да изведат кристалнахт врз предавниците-дувачи? Па така еден просечен грујојунген, намаван на ракија, со виргина-кокарда на беретата, со знаме во едната и шише ракија во другата рака, без мисла во главата. ќе поита да го реши комшијата – дувач, кој мирно седи дома му, си чади, си јаде, си пие и се смее и само му се спие? Каков е тој жесток одговор… Немате против кого… Дувачите никогаш не прават проблеми… ги нема… седат мирно и кулираат…. Не урлаат по улици, не прават проблеми… Конзумент кој секој го сака… Јаде, пие и спие… Без проблеми… За разлика од Вашите штормтрупен на ракија кои го освојуваат светот од Визбегово до Солун, од Свирипичино преку Атина се до Индија… Професоре, вашата деструктивна и реактивна но јако какативна сила на десницата, фатете чекор со времето пошо ве изгази. Овие тези се од пред два века… Не се оди напред вака… Можеби од ракијата имате изгубено осет каде е напред, па постојано не влечите во обратна насока, веќе децении… Можеби е време да се отрезните…

 

Наум Димитровски

Славески до Заев: Aко ја терате легализацијата на марихуаната ќе се соочите со жесток одговор на јавноста

Славески до Заев: Aко ја терате легализацијата на марихуаната ќе се соочите со жесток одговор на јавноста

Славески до Заев: Aко ја терате легализацијата на марихуаната ќе се соочите со жесток одговор на јавноста