Компанијата „Баја Сим“ од велешкото село Чалошево е мала семејна фарма основана во 2019-та година во која се вклучува Јане Каракашов – млад и иновативен студент по агроекономија, кој успешно ја претвора во современ агробизнис. Основната дејност на компанијата е одгледување јачмен и пченица на околу 200 хектари. Компанијата располага со целосна неопходна опрема за обработка на почвата и спроведување на потребните агротехнички мерки.

Постоечките земјоделските машини кои ги поседува компанијата за дел од производствените операции како орање, сеење, заштита, берба итн. се помалку ефикасни.  Затоа, Јане како млад амбициозен претприемач се одлучи да воведе иновации во работењето, преку употреба на паметен уред за попрецизни земјоделски практики на неговата фарма, кој го набави со поддршката од Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ. Во краток разговор со Ема Јакимовска од ИМЕ Програмата, Јане открива дека во моментов е посветен на постигнување поголема продуктивност и користење на неговата фарма како „демо-фарма“ за други земјоделци и студенти, со цел сите да ги увидат придобивките од користењето на дигиталната технологија и паметното земјоделство во секторот.

Целиот текст на Агротим, за тоа како функционира уредот, кои се придобивките, очекуваното позитивно влијание за земјоделците, како и за животната средина, тука.

Извор: Агротим