Според Соопштението кое го објави Народна Банка на Република Македонија на 27 февруари 2018, Скопје – ММФ го назначи Себастијан Соса, резидентен претставник на ММФ во Србија, исто така, да ја врши функцијата и на резидентен претставник во Македонија.

Соса ќе остане со седиште во Белград и ќе ги покрива двете држави. Ова назначување има за цел да обезбеди континуиран дијалог и проток на информации помеѓу Фондот и властите во Скопје. Исто така, ќе ја олесни и интензивната техничка помош и набљудувачките активности на ММФ во Македонија.