Монетарната политика е соодветна, но сѐ уште треба да биде олабавена. Последниот раст на инфлацијата најмногу се должни на глобалните фактори и е привремено. Ова е заклучокот од состанокот со преставничката на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд Берглјот Баркбу, се вели во соопштението од Народната Банка. Во него е наведено дека на состанокот е заклучено дека во последните месеци, растот на глобалните цени на енергијата и на храната влијаеше врз инфлацијата, и се очекува таа да се намали во втората половина од годината. Во изјавата дадена од Мисијата на ММФ е нагласено дека банкарскиот систем во целина е добро капитализиран и ликвиден.

„Нефункционалните кредити веројатно ќе забележат одредено зголемување, со изминувањето на регулаторната флексибилност и со постепеното намалување на фискалната поддршка за фирмите. Важно е да се задржат строгите правила за класификација на ризикот и за издвојување резервации за кредити, за да им се овозможи на банките да издвојат доволно резерви со кои би ги покриле потенцијалните загуби.“ е напоменато во изјавата.

Од Мисијата на ММФ напоменуваат дека, на иницијатива на Народната банка, Северна Македонија ќе учествува во новиот пилот-проект на ММФ – Кодекс за транспарентност на централните банки, при што е посочено дека тој може да помогне во натамошното зајакнување на рамката за транспарентност и отчетност, со цел да се обезбедат ефективни резултати од политиките и дијалог со засегнатите страни.