Најнизок раст во регионот, висок буџетски дефицит и голем јавен долг. По Извештајот на Светска банка минатат недела, денеска и ММФ од Вашингтон со загрижувачки прогнози за македонската економија. Годинава растот ќе изнесува само 2,5%, инфлацијата 3%, со ризик да биде повисока, поради зголемените плати во јавниот сектор и повисокиот минималец . Минусот во државаната каса надмина 5%, а обврската за изградба на автопатите  и повисоките плати на административците прават дополнителни притисоци врз буџетот.

Новите стратешки инвестиции во енергитиката  наметнаа нова давачка , која може да го зголеми фискалниот ризик,  заедно со загарантиираните обврски за купување струја, пишува ММФ. Разочара наплата од ДДВ, приливите од акцизи се помали од планираните,  а трансферите од буџетот поголеми од  плановите. Затоа , според ММФ предизвик за новата Влада ќе биде фискалната консолидација.  Јавниот долг го прекрши воведеното  правило и надмина 62%, од БДП, а има и заостанатите неплатени обврски кои се уште се високи , со ризик уште повеќе да се зголемат. Монетарното затегнување помогна да се задржи нивото на се уште високата инфлација, при намалени увозни ценовни притисоци од храната и енергијата.   Зголемените камати го забавија темпото кај приватниот сектор. Зајакнување на одржливоста, зголемување на продуктивноста и структуните реформи ќе бидат клучни за поголем раст, при зголемена несигурност и ранливост., пишува ММФ. Невработеноста се зголеми , вработеноста стагнира, сиромшатијата се намалува, поради антикрзините мерки и повисоките плати, но со побавно темпо во однос на пред пандемијата.

Напроти негативните ризици, во извештајот е наведено дека напредокот во преговорите со  Унијата можат да го зголемат растот и да го приближат стандарод на ѓраѓаните со онај на Унијата. Препорачуваат, за зголемени приходи во буџетот, во напорите за декарбонизација, да се воведе данок за јаглеродот, односно за загадувачите.