Организацијата предупреди дека епидемијата веќе го притиснала годинешниот глобален економски раст под нивото од минатата година.

Итните мерки следуваат кога вирусот почна бргу да се шири и надвор од Кина во повеќе од 70 држави. Оваа недела владите и централните банки во светот презедоа акција за олеснување на влијанието на вирусот.

ММФ соопшти дека овозможува финансиска помош за сиромашните и земјите со средни приходи, а со слаб одговор на здравствениот систем на новиот вирус.

Во исто време фондот соопшти дека ширењето на коронавирусот ги избришало очекувањата за посилен економски раст оваа година и ќе ги притисне глобалните добивки од 2020 година до нивната најниска стапка од финансиската криза во 2008 година.

Но, извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, предупреди дека е тешко да се предвиди колку голем ќе биде ефектот.

„Глобалниот раст во 2020 година ќе опадне под минатогодишните нивоа, но колку далеку ќе падне и колку долго ќе биде влијанието, сè уште е тешко да се предвиди“, рече Георгиева.

Таа исто така одби да каже дали ескалацијата на здравствената криза може да ја доведе светската економија во рецесија.