Централните банки, најверојатно, ќе мора да ги истражуваат сè повеќе неконвенционалните мерки, предупреди заменик-директорот на ММФ

Бура облаците висат над светската економија, а владите и централните банки можеби се слабо подготвени. Ова го изјави првиот заменик-управен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Дејвид Липтон.

Според неговите зборови, фондот апелира до владите “да го поправат покривот”, додека временските услови сѐ уште се сончеви за светската економија во текот на изминативе две години.

“Но, исто како многумина од вас и јас гледам како се згуснуваат облаците и се плашам дека работата за спречување на кризата е недоволна”, рече тој за време на банкарска конференција, цитиран од агенциите.

Липтон, исто така, предупреди дека политичарите би можеле да бидат под притисок.

“Централните банки, најверојатно, ќе треба да ги испитаат сé повеќе неконвенционалните мерки. Но без гаранции за нивната ефикасност ние би требало да се грижиме за моќта на паричните политики “, посочи уште Липтон.

Според неговите зборови, многу влади нема да имаат простор за акција, бидејќи тие веќе се притиснати од нивните високи долгови.

“Не треба да очекуваме дека владите ќе ја покажат истата спремност за одговор на трендот за пад, што ја имаа пред десет години”, посочи уште заменик-директор.

Сепак, најголемиот непосреден ризик за економијата е тековната трговска војна помеѓу САД и Кина. Ако сите царини, со што двете земји се закануваат дека ќе бидат воведени, зафаќајки до 75 % од светскиот бруто домашен производ ќе биде зафатен до 2020 година, станува јасно од пресметките на ММФ.

“Тоа е резулатат на тоа што сме го предизвикале. Од суштинско значење е тоа примирје (по средбата меѓу претседателите на САД и Кина Доналд Трамп и Кси Џинпин во Аргентина). Преговорите би било добро да доведат до траен договор кој ќе спречува зајакнување или ширење на тензиите “, посочи уште Липтон.

Ако сепак на крајот не дојде до помирување, можно е да видиме “фрагментирање” на светската економија, што може да доведе до економско слабеење, додаде тој.