Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, најави дека има постепено напуштање на употребата на американскиот долар, но додаде дека не гледа алтернатива на американската валута во блиска иднина.

– Не е тоа главното нешто што ме загрижува. Навистина е забележливо постепеното напуштање на доларот, но не гледам алтернатива за тоа. Во секој случај, не во блиска иднина, рече Георгиева на дискусија во аналитичкиот институт „Милкен“ во Вашингтон, коментирајќи ги изгледите за употреба на американската валута во светски размери во иднина.

Во светлината на невидените антируски санкции кои го погодија, меѓу другото, финансискиот и банкарскиот сектор, довербата во доларот се губи. Многу земји се обидуваат да ја намалат неговата употреба во различни видови плаќања. Русија тргна по патот на напуштање на употребата на американската валута во меѓународните порамнувања.