„Убедени сме дека светската економија минува низ фаза на меко приземјување, како што посакувавме, по циклус на силни зголемувања на каматните стапки, неспоредливи веќе неколку децении“, рече Георгиева на Самитот на светските влади во Дубаи.

Централните банки обично ја ограничуваат инфлацијата со зголемување на каматните стапки, во исто време внимавајќи да се осигурат дека застојаната побарувачка не ја турка економијата во рецесија, која се дефинира како „меко приземјување“. Европската централна банка ги зголеми каматните стапки за 4,5 процентни поени, а економијата се движи на работ на рецесија.

Американската централна банка, исто така, ги зголеми каматните стапки и економијата падна во плитка рецесија во првата половина на 2022 година, со пад на активноста од 0,1 отсто на квартална основа, два квартали по ред. Од втората половина на 2022 година расте со темпо од 0,3 до 0,6 отсто.

Шефицата на ММФ очекува од средината на годината каматните стапки во водечките економии да започнат надолна траекторија, следејќи го трендот на инфлација.