Jавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, ова се темите на кои македонската делегација бара можности за подобрување на состојбите на годишните средби на светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд. Овој настан доаѓа на само еден ден откако ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,5% за годинава, од претходно очекуваните 3,1%. За следната година, пак, предвидува раст од 3,2%. Од министерството за финансии сметаат дека унапредување на соработката во областите што се значајни за економскиот раст, конкурентноста на приватниот сектор и подобрувањето на квалитетот на јавните услуги.
Министерство за финансии: „Владата останува посветена на спроведувањето на реформите, одржувањето на макроекономската стабилност и унапредувањето на управувањето со јавните финансии. Партнерството со меѓународните финансиски институции има важна улога во реализацијата на развојните приоритети и стратешките инвестиции што треба да придонесат за долгорочен и одржлив економски раст.“
Што се однесува до глобалната сцена, директорка на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, излезе со предупредување од брзиот развој на технологијата. Според неа, вештачката интелигенција може дополнително да го продлабочат јазот меѓу развиените земји и земјите во развој.
Кристалина Георгиева, Генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд: „Тековниот економски развој и брзиот темпо на развој на вештачката интелигенција би можеле да го продлабочи јазот меѓу развиените земји и оние во развој, посебно ако се има предвид наглиот пад на развојната помош. Меѓународниот монетарен фонд ја препозна својата одговорност да им помогне на земјите во финансирањето кога тоа е потребно и ги повика државите членки на ММФ да ги исполнат своите ветувања за зголемување на финансирањето во Фондот на ММФ за намалување на сиромаштијата и раст, кој обезбедува кредити со ниски камати и без камати за земјите со ниски приходи.“
Од Народната банка кои се дел од овие годишни средби на меѓународните финансиски институции велат дека Светска банка ги поддржува заложбите за интегрирање на домашниот финансиски систем во европската платежна инфраструктура, со посебен акцент на воспоставувањето национален систем за инстант плаќања.
Народна Банка: „Приоритет на Народната банка е воспоставување национална платформа за инстант плаќања, заснована врз моделот на европскиот систем ТИПС, што ќе претставува значаен исчекор во модернизацијата на домашната платежна инфраструктура. По воведувањето на инстант плаќањата на домашниот пазар, следниот чекор ќе биде регионалното поврзување со платните системи на земјите од регионот и нивното интегрирање во поширокиот европски платежен простор.“
Очекувањата на меѓународните институции се се дека старите ризици и натаму се актуелни, предупредувањата се поврзани со повисоките цени на енергенсите и инфлацијата. ММФ очекува просечната цена на нафтата да се приближи до 100 долари за барел, што може да ја вивне глобалната инфлација, која пак секога е проблематична и за земјава.