Многу од општествените процеси досега во нашата земја, сум ги предвидел со солидна прецизност, и тие што ме следат го знаат тоа. Затоа сакам да се пробам и со проценка на цифрите од престојниот попис. Некои ќе ги најдат овие цифри чудни или неприфатливи, но цифра како цифра – немилосрдна.

Но, да одиме со ред: Што е попис? Попис е статистичка операција. Значи статистичка, не политичка. Пописот започнал уште од времето на старите Египјани, Феникијци и кај народите во Месопотамија. И оттогаш неговите принципи не се сменети освен во Македонија. Значи пописот е операција со однапред дефинирани процеси, датуми и начини на изведба, затоа лошо е кога луѓе со купени дипломи, или воопшто без дипломи си тумачат како си сакаат. Ќе нафрлам 2 интересни факти кои мислам дека не се доволно експлатирани во јавноста :

  1. Попис – по меѓународен стандард ( а и по нашиот Закон – кој го има препишано тоа ) се одржува т.е. почнува на 31 март. Истото ви го пишува и во секој учебник по статистика. И тука нема отстапки. Зошто е тоа така, ќе пробам да објаснам. Меѓународната пракса и статистичките умови во светот пресметале дека на тој датум има најмала флуктуација на население, најмалку се патува и населението е најчесто дома. И тоа е тоа.. тоа е датумот. Затоа не можам да го разберам лидерот на опозицијата во својот мајонез стил како кљанка за одложување. А уште помалку и премиеров, санкир френки се пазарат па прави компромиси – ево ви уште некој месец плус минус. Абре нема плус минус, попис се изведува на 31 март. Финито…
  2. До пред две години само античкава ни наша територија и Сомалија немавме попис. Кај Сомалија, причините беа познати – воено подрачје кое не е контролирано во целост од централната власт. Но пред две години, на гла на шија, со силни клоци од американскиот фактор, некако го преброја тоа трло. Непознато остана како античкава неуредена територија скоро две децении немаше попис. Оди ти објасни му на некој од надвор дека ние имавме „неуспешен попис“…. Замисли, неуспешна статистичка операција. Зошто? Затоа што на минорни куриња и уште поминорни интелеКси како Грујо и д-р Аљи не им пашале бројките. Ало, ненадерталци – бројки се тоа. Никому не му е гајле дали ви пашаат или не. Без разлика, антикава остана без попис – сама – откако Сомалија ја пребројаа – остана ругло за потсмев на светот, неуредена територија во која не се знае кој јаде кој плаќа, плодна почва за манипулација со бројки, во кој најголем бенефит од овие неизбројани цифри имаше малцинството со посебни потреби – албанското малцинство.

Но да се вратиме на темата. Кои се моите проценки за цифрите на престојниот попис? Мора да напоменам дека лично мене, овие цифри не ми се допаѓаат, ако се прашам, но објективноста е на прво место, и за разлика од овие што не водат три децении, јас не сум доволно луд да ги штелувам или тумачам бројките – бројка е бројка. Одиме :

  1. Мислам дека во антикава живеат вкупно 1.600.000-1.700.000 жители. Значи околу милион и шестоилјади или нешто благо повеќе.
  2. Најбројното малцинство – малцинството со посебни потреби – албанското малцинство – ќе биде во број од 450.000 до 500.000 жители, или од 26%-31%.
  3. Второто малцинство сметам дека ќе биде ромската заедница со бројка од 120.000-150.000 или 7%-10%
  4. Трето малцинство мислам дека ќе биде турското со цифра меѓу 60.000-80.000 жители или 3%-4%
  5. Срби околу 50.000 или околу 2%
  6. Бошњаци околу 30.000 или околу 1,7%
  7. Власи околу 15.000-20.000 или околу 1,2% ( Тука само сакам да и им порачам на душегрижниците и зајадливците кои се радуваат на малите цифри кај ова малцинство, дека тоа воопшто во случајов не е важно бидејќи ние секогаш сме биле: Always Outnumbered, Never Outgunned).
  8. Доаѓаме до мнозинскиот народ во земјата, Македонскиот, кој ќе биде во бројност од 800.000-900.000 жители или во проценти изразено од 50%-55% во вкупниот број жители. Мнозинската заедница за жал ќе биде најголемиот губитник од пописот, но реално е спаднат бројот на истата. Најзначајни фактори за пад на овој број се перманентното исселување и се помалиот наталитет кај истата.

Ете, дадов една моја проценка и видување на цифрите кај пописот кој треба да се одржи. Се трудев да сум што пообјективен и непристрасен, и баш сакам, здравје, да ги споредам цифрите со реалните кои ќе излезат од пописот, после 2 децении кој ќе се одржи во антикава.

 

Наум Димитровски