© Reuters.  Money 20/20: Experts Debate Whether Blockchain Will Replace Current Payment Systems

На конференцијата “Money 20/20” во Лас Вегас, вчера, 22 октомври, експертите во блокчејн полето дебатираа за иднината на технологијата и нејзините потенцијални ефекти врз начинот на плаќање и целокупните платежни системи.

Главниот директор за технологија на Ripple, Дејвид Шварц и постар заменик-претседател на Стратегијата за производи, Естер Пигг, понудија конкурентни визии за тоа дали од блокчејнот ќе се има корист во плаќањата.

Според очекувањата на соговорниците, во наредната декада ќе има продор на оваа технологија во делот на платежни системи низ светот, со минимализација на трошоци како и со посилна верификација на самиот процес.

Според некој од соговорниците беше истакнато дека иднината е незамислива во плаќањата без имплементацијата на делови или целосно интегриран блокчејн систем во банките, како и меѓународните кооперанти.

Учесниците најпрво ги истакнаа бенефитите и предностите од имплементацијата на блокчејн решенијата а потоа ги истакнаа и проблемите и предизвиците кои би се јавувале евентуално при имплеметнација на овие решенија.

Едно е сигурно, иднината на банкарскиот сектор и начините на плаќање, се повеќе ќе зависи од блокчејн решенијата.