На персоналот и клиентите на мултинационална инвестициска банка на Morgan Stanley во Њујорк, нема да им биде дозволен влез во зградата освен ако не се целосно вакцинирани против корона вирусот. Невакцинираните вработени ќе мора да работат на далечина.

Новите правила ќе стапат на сила следниот месец за да се овозможи укинување на одредени ограничувачки мерки кои беа донесени за спречувањето на ширењето на пандемијата со Ковид-19. Минатата недела, управата на банката ги повика своите вработените да се вратат во своите канцеларии.

Во внатрешниот меморандум се наведува дека од 12 јули сите вработени, клиенти и посетители ќе треба да потврдат дека биле целосно вакцинирани доколку сакаат да пристапат до просториите на зградата во Њујорк, а истото важи и за оние во Вестчестер.

Морган Стенли веќе издвои работни простории во некои одделенија во кои можат да влезат само вакцинираните, вклучително и оние каде што се обработуваат институционални хартии од вредност и оние каде се управува со богатството. На почетокот на овој месец, извршниот директор на банката, Џејмс Горман, рече дека би бил разочаран доколку вработените не се вратат во своите канцеларии до септември.