Треба ли да се подготвиме за уште една финансиска криза? Според Financial Times треба да се започне одма со подготовка, потребни ни се мерки за ограничување на веројатноста за неуредни пазарни процеси во следната криза.

Глобалната монетарна политика е „ултра-лесна” многу години. Сепак, станува јасно дека сега е фатена во „замка“ со долгови од сопствените одлуки.

Продолжувањето на тековната монетарна патека е неефективно и станува опасно. Но, секој пресврт, исто така, вклучува и големи ризици. Шансите за уште една криза продолжуваат да растат.

Самата тековната монетарна политика носи со себе закана од инфлација. И со оглед на недостигот на разбирање на економистите за нивото на „потенцијал” од самиот инфлациски процес, тој лесно може да излезе од контрола.

Но сепак, инфлацијата не е единствената опасност.

  • Прво, соодносот на долг им е дозволено да расте со децении, дури и по почетокот на кризата. Покрај тоа, додека пред кризата ова беше првенствено проблем на напредните економии, оттогаш отиде глобално.
  • Второ, толеранцијата на преземањето ризици ја загрозува идната финансиска стабилност, како и стеснувањето на профитните маржи за многу традиционални финансиски институции.
  • Трето, несоодветното распоредување на вистинските ресурси од страна на банките и другите финансиски институции е поттикнато од ова монетарно опкружување. Со пазарите кои не можат да ги распределат ресурсите правилно, поради активностите на централните банки, веројатноста дека зголемувањето на обврските за задолжување нема да се почитува, драстично се зголеми.

Од друга страна и нормализирањето на монетарната политика, исто така, носи значителни ризици. Јасно е дека зајакнувањето на глобалната економија е под знак прашалник.  Сепак, во таква ситуација, зголемените инфлациски притисоци, најверојатно, ќе доведат до затегнување на монетарната политика, што би можело да има дестабилизирачки ефекти.

Можеби најважно е потребата владите и меѓународните форуми да ги ревидираат постапките за банкрот. Долгот што не може да се сервисира нема да се сервисира.