Во текот на денешниот ден, техничката министерка за себепромоција и дигитален феминизам, а во слободно време министер за финансии на античкава неуредена територија, издаде сајбер соопштение во кое ги подучува закораваните плебсови на антиката дека доколку упорно се ќорават и скенираат тие остваруваат благородна мисија за воскреснување на Империјата на Сонцето, а со тоа и ја исполнуваат својата задача која покрај гласот за елитата значи и бркање на неплаќачите на данок и со тоа си го подобруваат животот.

Прогласот за финансиска дисциплина оди вака цитирам: Со неиздавање на сметка вашите 5 или 18% продавачот ги зема за себе, наместо да бидат употребени за доброто на сите! И трговецот кој не го уплаќа вашиот ДДВ во буџетот го користи здравствениот и образовниот систем. Со неиздавање на сметка продавчот прави нелојална конкуренција на чесните продавачи кои си го плаќаат данокот!

Оваа објава, доаѓа од лице кое наместо да ја спроведе на терен оваа контрола и да „раздрма“ па да имаме подобра уплата во буџетот за здравствениот и образовниот систем, таа ни праќа дигитални фермани за да ја земеме финансиската суровица во свои раце. Тоа не е нејзина работа, тоа е ваша работа… .Нејзина работа е да работи на себепромоција и промоција на феминистичките глупости кои ги тресе…

На второто скалило на пирамидата на злото во антиката е Инспекторот Кешовина, обично неедуциран, маслосан во косата и со првут на рамената сумлив партиски тип, кој најважна задача после извршената лоботомија му е да прима партиски наредби во центрите за индоктринација или кај нас познати како партиски штаб. Не е ни негова работа да обезбеди наплата на данок во антикава… особено не во западните делови на антикава, каде живеат полубогови и се олеснети од овоземни даноци и давачки само поради фактот што се понашаат како кентаури…

Е, на трето место си ти: Граѓанину Мерино… ти ќе скенираш, ќе контролираш и на крај ќе добиеш 10 евра месечно, колку да го замениш полначот за мобилниот или за една година да купиш нов мобилен, бидејќи стариот ти се прегреал од скенирање. Твоја задача е да го правиш ова… Не е на Мудрицата Нина ниту на Инспектор Кешовина… Нивна работа е да чекаат плата на први и да ни мудруваат како треба да се однесуваме и што да правиме…

Хепа паси македонче….

 

Наум Димитровски