По една деценија пад, глобалната музичка индустрија ја забележа четвртата година по ред раст на приходите во 2018 година, според најновиот годишен преглед на Меѓународната федерација на фонографски индустрии (IFPI).

Според “Ролинг Стоун”, продажбата на музика во светот достигнала 19,1 милијарди долари минатата година и конечно закрепнала доволно за да ја надмине заработката од 18,4 милијарди долари од 2007-та година.

Во извештајот за 2019 година се наведува дека од 19,1 милијарда заработени во 2018 година, речиси половина или 47 проценти или 8,9 милијарди долари се заработени од интернет-платформи, т.н. стриминг, финансиран со претплата или реклами.

Вкупните платформи за стриминг се зголемија за 34 проценти од 2017 до 2018 година, а платената или претплатената музика добиена во интернет пренос се зголеми за 33 проценти. Физичките формати, како што се ЦД-а, во меѓувреме паднаа за 10 проценти, а дигиталното преземање падна уште повеќе, за 21 процент.

Трендови во купувањето музика се во согласност со она што може да се забележи на американскиот музички пазар: продажбата на дигитални и физички албуми паѓа, а интернет преносот се зголемува. Во светот, во некои региони како Северна Америка, Јужна Америка и Азија, тие придонесуваат за поголем раст во овој сектор од другите, но светскиот тренд кај љубителите на музиката е употребата на интернет пренос.

Благодарение на интернетот, продажбата на дигитална музика, вклучувајќи платени интернет преземања, бесплатни интернет преземања и преземање на музички фајлови, го надминаа бројот од 10 милијарди за прв пат во историјата.

Според овој извештај, првите 10 најголеми музички пазари се САД, Јапонија, Велика Британија, Германија, Франција, Јужна Кореја, Кина, Австралија, Канада и Бразил.

Топ 10 музичари се: Дрејк, БТС, Ед Шеран, Пост Мелоун, Еминем, Ариана Гранде, Лејди Гага и Бруно Марс, пишува Ролинг Стоун.