Акциите на Волстрит денеска се во минус по продолжениот празничен викенд, додека европските берзи забележаа различни резултати.

Германскиот индекс DAX 30 се зголеми за 0,5 отсто, германскиот КАК 40 за 0,5 проценти, додека британскиот индекс FTSE 100 се намали за 0,2 отсто.

Во САД, широкиот индекс S&P 500 забележа пад за девет индексни поени или 0,3 отсто на 2.722 поени, индустрискиот Dow Jones се намали за 168 поени или 0,7 проценти на 25.050 индексни поени, додека единствено технолошкиот индекс Nasdax се зајакна за четири поени или 0,1 отсто на 7.244 индексни поени.

Акциите на американскиот трговски синџир „WallMart“ се намалија дури за 9,1 отсто, откако ги пријави лошите квартални резултати поради слабата онлајн продажба во САД.

Во Азија, токискиот индекс Никеи имаше пад за еден отсто, а јужнокорејскиот Коспи за 1,1 процент.