Овој четврток (22 март) со почеток од 18:00 часот во Next Bar & Food во населба Аеродром во Скопје, ќе се одржи 28-то по ред издание на најпознатиот бизнис-нетворкинг настан во државата – „Бизнис кафе – Македонија“. 

 

 

На новото „Бизнис кафе“ се поканети да присуствуваат сите активни чинители во бизнис заедницата во Македонија и сите оние кои сакаат да стекнат нови бизнис-контакти и да слушнат и научат од искуствата на тројцата говорници.

 

Со присутните, своите бизнис и животни патишта и научени лекции ќе ги споделат Горан Јандреоски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Дијана Десподов, извршен директор на Американската стопанска комора во Македонија и Жарко Костиќ, мотивациски говорник, доктор по медицина.

Бројот на гости на настанот е ограничен и затоа е потребно што поскоро да си го резервирате Вашето место со картите кои може да се набават на следниов начин:

 

– Online, преку сервисот Купи Карти за Се на следниов ЛИНК
– На фактура, пратете маил на: [email protected] или
– Директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан)