По огромниот пад на исплатите на дивидендите во вториот и нешто помал во третиот квартал, акционерите ширум светот би можеле да останат покуси за 263 милијарди долари до крајот на годината. Дивидендите растат само во Кина и во Хонг Конг. Меѓу првите десет компании кои исплатија најголеми дивиденди во третиот квартал три се од Кина. Сепак, Мајкрософт е компанијата за која се прогнозира дека годинава на акционерите ќе им исплати најголем профит.

Глобалниот износ на исплатени дивиденди оваа година ќе биде помал за 17,5 до 20 отсто или приближно 263 милијарди долари поради последиците од корона кризата, се вели во извештајот на инвестициската компанија „Јанус Хендерсон“, пренесува Биф.рс.

Иако последната проценка е поповолна од онаа што ја дадоа финансиските аналитичари на самиот почеток на кризата, ова е најголемиот пад на исплатени дивиденди од 2009 година, кога глобалната финансиска криза беше на својот врв.

Вториот квартал е очаен, третиот е нешто подобар

За долгорочните инвеститори, како што се пензиските фондови, дивидендите се водечки извор на приходи од вложување во акции. За да ја издржат кризата предизвикана од корона вирусот, глобалните компании во третиот квартал им исплатија на акционерите 329,8 милијарди долари дивиденди, што е за 55 милијарди долари помалку или 11,4 проценти во споредба со истиот период лани.

Сепак, тоа е помал пад во споредба со вториот квартал од оваа година, кога износот на исплатените дивиденди беше помал за 22 проценти, односно за 108 милијарди долари на годишно ниво. Во извештајот се забележува дека забавувањето на падот во третиот квартал не било рамномерно распределено, односно дека одредени сектори и пазари во оние делови на светот кои се покажале поотпорни на кризата се најодговорни за тоа.

Мајкрософт“ на пат да ги направи своите акционери најсреќни

Според секторската поделба, во третиот квартал најлоши биле компаниите кои зависат од потрошувачката на крајни корисници, а не се производи за широка потрошувачка, како што се производители на автомобили и туристички компании. Во тие сектори е забележан пад од 43 проценти.

Компаниите кои работат во секторите на медиумите, воздушниот транспорт и банкарство исто така беа значително погодени, додека фармацевтите, прехранбените компании и трговците со храна исплатија поголеми дивиденди.

Одличното работење на технолошките компании за време на пандемијата е видливо и во нивната политика за исплата на дивиденда. Така, „Мајкрософт“ е на пат да стане компанија што исплатила најголем профит на акционерите оваа година, со очекуван раст од 10 проценти во четвртиот квартал.

Дивидендите растат само во Кина и во Хонг Конг

Гледано според големината пазарите во светот, најмногу страдаа акционерите во Обединетото Кралство, каде што дивидендите беа пониски за 42 проценти, по што следи Австралија со пад од 40 проценти. Исплатите во Јапонија се намалија за 16 отсто, а дивидендите најмногу ги намалија локалните извозници. Во споредба со другите, акционерите во Соединетите Држави не поминаа толку лошо, бидејќи исплатените дивиденди беа за четири проценти пониски, но на американскиот пазар беше забележан и пад на откуп на акции.

Единствените светли точки на мрачната мапа на неплатени дивиденди се Кина и Хонг Конг. Дивидендите на овие пазари се зголемија за 3,3, па дури и за 10 проценти.

Покрај тоа, China Construction Bank е прва на листата според исплатените дивиденди во третиот квартал, а во првите 10 се уште два кинески претставници: China Mobile на трето место и Industrial & Commercial Bank of China на деветто.

Сценарија до крајот на годината

Аналитичарите на инвестициските фирми „Јанус Хендерсон“ предвидоа две сценарија за акционерите до крајот на годината. Според оптимистичкото, глобалниот пад на исплатените дивиденди ќе изнесува 17,5 проценти, што значи дека акционерите можат да се надеваат на вкупен износ од 1,2 милијарди долари. Полошата прогноза покажува дека падот може да биде поголем од 20 проценти, со што вкупната сума се намалува на 1,16 билиони долари.

Во извештајот се проценува дека ова е најлошата година за акционерите уште од претходната финансиска криза, но и дека постои „трошка надеж“. Тоа се рефлектира во фактот дека компаниите кои престанаа да исплаќаат дивиденда веднаш по избувнувањето на пандемијата, во меѓувреме започнаа да ги плаќаат повторно, но во помали износи.

Во следната година сè се врти околу вакцината

Најголемата надеж, секако, лежи во скорешна дистрибуција на вакцината против КОВИД-19. Авторите на извештајот предвидуваат дека исплатата на дивиденда следната година ќе зависи од тоа кога вакцината ќе стане достапна и колку брзо животот ќе се врати во нормала.

Ако закрепнувањето се одвива побавно и условеноста на пакетот за помош е сè уште во сила, особено во Европа, така што компаниите што добиваат помош не можат да плаќаат дивиденда – тогаш исплатата ќе продолжи да стагнира.

Во втората варијанта, што подразбира побрзо нормализирање на здравствената состојба, а со тоа и на економската состојба, авторите на извештајот проценуваат дека износот на исплатените дивиденди може да се зголеми до 12 проценти, па дури и компаниите од најзасегнатите сектори да започнат со исплата на дивиденда на своите акционери.