Откако претседателот на САД Доналд Трамп одлучи да излезе од нуклеарниот договор и најави нови санкции за Иран, на азиските берзи во средата цените на акциите паѓале, додека цените на нафтата драстично скокнале.

MSCI индексот на азиско-пацифички акции, без јапонските, бил во минус 0.2 отсто, околу 7.30 часот.

 

 

Притоа на токиската берза Nikkei индексот бил во минус 0.4 отсто, додека цените на акциите во Сингапур и Јужна Кореја паднале помеѓу 0.2 и 0.4 отсто. Индексите во Шангај, Австралија и Хонг Конг пораснале помеѓу 0.1 и 0.3 отсто.

На азиските берзи владее внимателност, како и вчера на Вол Стрит, откако американскиот претседател Трамп објави дека САД се повлекуваат од меѓународниот нуклеарен договор како би спречиле Иран да развие нуклеарна бомба и дека веднаш повторно ќе воведат економски санкции за Техеран.