Од денеска на БЕГ и официјално му е одземена лиценцата за производство на топлотна енергија, соопшти претседателот на РКЕ. Минатиот петок БЕГ побарал да му се одземат и лиценците за дистрибуција и снабдување со топлотна енергија. Како причина за одземање на лиценците истакнати се проблемите на БЕГ поради кредитната неспособност, проблеми со ликвидноста и многуте судски проблеми против БЕГ.

Бислимовски рече дека нема да има проблем со избор на нова компанија која ќе ги грее скопјани, но како проблем го посочи можниот недостиг на природен гас бидејќи според него состојбата е сериозна и снабдувањето со гас зависи од глобалните политики.

Според Бислимовски, земјава освен руски гас може да се снабдува со гас и преку интерконекторот со Бугарија кој е поврзан со Грција, а како што рече, вршителот на енергетската дејност за производство на топлотна енергија има обврска да има алтернативни деривати за непречено снабдување за 15 дена со топлотна енергија, во случајов, мазут. Бислимовски додаде дека новата компанија која ќе се занимава со оваа дејност добро е да биде под надлежност на владата, додавајќи ја незаинтересираноста на Град Скопје да го менаџира овој дел.