Магазинот Блумберг ја објави листата на најбогатите семејства во светот, на која се вклучени семејства од различни делови на светот кои се ангажирани на различни работни места.

Првата генерација милијардери не е вклучена во оваа листа, и било истакнато дека листата не е конечна, бидејќи има семејства чие богатство е распространето низ целиот свет и тешко е да се следи.

Првото место му припаднало на семејството Волтон, чие богатство се проценува на 238,2 милијарди долари. Тие се сопственици на малопродажниот синџир Walmart.

На второ место е семејството Марс, кое го поседува истоимениот бренд за слатки. Нивното богатство се проценува на 141,9 милијарди долари.

Потоа следува семејството Кох, чие богатство се проценува на 124,4 милијарди долари и кое е сопственик на истоимената нафтена компанија.

На четврто место е семејството Хермес, кое го поседува истоимениот бренд луксузни чанти. Имаат богатство од 111,6 милијарди долари.

По нив следува саудиското семејство Сауд , кое владее со Саудиска Арабија, а нивното богатство се проценува на 100 милијарди долари.

Семејството Амбани е на шестото место со богатство од 93,7 милијарди долари. Тие го поседуваат конгломератот Reliance.

По нив следува семејството Вертхајмер, кое е сопственик на брендот Шанел. Имаат богатство од 61,8 милијарди долари.

Семејството Џонсон е на осмото место со богатство од 61,2 милијарди долари. Во нивна сопственост е финансиската компанија Fidelity Investments.

Потоа следува семејството Томсон, во чија сопственост е медиумската корпорација Ројтерс. Имаат богатство од 61,1 милијарда долари.

На десетто место е семејството Борингер, кое е сопственик на фармацевтската компанија Борингер Ингелхајм. Нивното богатство се проценува на 59,2 милијарди долари.