И покрај заканите од Трамп суфицитот на Европската унија во трговијата со САД во изминатата година е зголемен за 6,8 проценти.Тој се закани со трговска војна.

Трамп се заканува со трговска војна поради „неправедните“ односи на Вашингтон и Брисел.

ЕУ во 2017 година прокнижила суфицит во трговијата со САД од 120,8 милијарди евра, што е пораст во однос на 113,1 милијарди евра од 2016 година, според податоците на европската служба за статистика Евростат, пренесува њујоршката агенција Блумберг.

Извозот од ЕУ во САД е зголемен на 375 милијарди евра во 2017 година од 363,5 милијарди евра од 2016 година, додека увозот од САД пораснал на 254,2 милијарди евра, од 250,4 милијарди евра.

Најновите податоци се објавени во момент на зголемени тензии на релација Европа -САД поради можноста за избивање на трговска војна, бидејќи Вашингтон се заканува дека со давачки ќе го ограничи увозот на челик и алуминиум од странство.